ОДДЕЛЕНИЕ ЗА РАДИОДИЈАНГОСТИКА

АМБУЛАНТНА СОБА:--

  • Раководител на оддел: Вонр.Проф.д-р Тања Петровска, Супспецијалист по гинеколошка и мама радиодијагностика
  • Одделенска сестра: Билјана Ласкова
  • Телефон:
  • Е-пошта:

За Одделението:

Одделението за радиодијагностика при УКХБ „Свети Наум Охридски“ – Скопје е опремено со најсовремена медицинска технологија за прецизна и сеопфатна дијагностика.

Со широк спектар на процедури, вклучувајќи магнетна резонанца, компјутерска томографија, мамографија и интервентни методи, обезбедуваме врвна грижа и точност во поставување на дијагнози.

Во рамки на одделението се применуваат следните дијагностички процедури: 

  • Конвенционални радиолошки методи (без и со контраст)
  • Ултрасонографија ( абдомен, уро тракт, меки ткива, мускулоскелетен систем, дојки,тестити)
  • Компјутеризирана томографија ( мозок, `рбетен столб, абдомен со карлица, КТ урографија, КТ на мускулоскелетен систем, периферни КТ ангиографии, КТ ангиографија на крвни садови на мозок)
  •  Магнетна резонанца ( мозок, рбетен столб, МРЦП, абдомен, мала карлица,
    уринарен тракт, локомоторен систем)

Болести и дијагнози кои се третираат на Одделение за радиодијагностика:

Дијагностика на Промени во Дојка

Одделението за радиодијагностика обезбедува сеопфатна и прецизна дијагностика на промените во дојката со примена на најсовремени технологии.

  • Мамографија и 3Д мамографија – овозможуваат детално прикажување на промените во ткивото на дојките.
  • Ултразвук на аксили и дојка – неинвазивен метод за анализа на меки ткива.
  • Color Doppler и еластографија – обезбедуваат дополнителна прецизност во проценката на промените во дојката.

Интервентни Дијагностички Методи

Нашето одделение нуди широк спектар на интервентни дијагностички процедури за точно и навремено поставување на дијагноза:

  • Биопсија на промени во дојка (под ултразвук или стеротаксија).
  • Поставување на жица маркер за следење на промените.
  • Аспирациона биопсија под ултразвук.
  • Биопсија на аксиларни лимфни жлезди под ултразвук.
  • Биопсија на органи и меки ткива под КТ и ултразвук.
  • Дренажа на апсцеси и цистични промени во абдомен.
  • Фистулографии, КТ хидро колонографија и МР артрографии.

Скрининг Мамографија

Скрининг мамографијата е достапна бесплатно за асимптоматски жени на возраст од 45+ години, овозможувајќи рано откривање на промени и навремено лекување.

Со овие напредни методи и современ пристап, нашето одделение гарантира прецизна, навремена и професионална здравствена грижа.

Доктори на Одделението за Радиодијагностика

Проверете достапни термини за преглед:

НАПОМЕНА: прикажаните термини се од информативен карактер, за закажувањер на термин преку сервисот на Мој Термин обратете се кај вашиот матичен лекар!

Scroll to Top