ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НЕВРОХИРУРГИЈА

АМБУЛАНТНА СОБА:--

  • Раководител на оддел: Проф.д-р Владо Столевски, Специјалист по неврохирургија
  • Одделенска сестра: Татјана Стојчевска
  • Телефон:
  • Е-пошта:

За одделението:

Одделението за неврохирургија при Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје е современо организирана единица посветена на дијагностика, лекување и хируршки третман на заболувања и трауми од областа на неврохирургијата, невротраумата и спиналната хирургија.
Стручниот тим на одделението вклучува искусни неврохирурзи и медицински кадар кој применува најнови оперативни техники и грижа базирана на медицинска експертиза, професионализам и емпатија кон пациентите.

Болести и дијагнози кои се третираат на одделение за неврохирургија:

 

Невротраума:

Одделението врши итен и плански третман на сите видови краниоцеребрални повреди, вклучувајќи:

  • Скршеници на черепот (линеарни, импресивни, отворени, затворени, фронтобазални)

  • Внатречерепни хематоми (епидурални, субдурални, интрацеребрални)

  • Повреди на мозочно ткиво (комоции, контузии, лацерации)

  • Инфекции како абсцеси и други компликации

Неврохирургија:

Во рамките на неврохируршкиот сегмент се изведуваат:

  • Третман на хидроцефалус со имплантација на дренажа (Pudens систем)

  • Хируршко лекување на мозочни тумори, метастази и цистични формации

  • Отстранување на коскени тумори (остеоми) на краниумот

  • Третман на заболувања на периферните нерви на екстремитетите

  • Изведување на трахеотомии

  • Интервенции за дизрафични аномалии на ‘рбетот

Спинална хирургија:

Одделението располага со целосна експертиза за:

  • Третман на дискус хернија во вратен, торакален и лумбален дел на ‘рбетот (на едно или повеќе нивоа)

  • Спинални стенози и спондилолистези

  • Повреди и скршеници на ‘рбетниот столб, вклучително и остеопоротични скршеници

  • Вертербопластика – минимално инвазивна интервенција

  • Хируршки третман на тумори и патолошки состојби на ‘рбетот

Доктори на одделението за неврохирургија

Проверете достапни термини за преглед:

НАПОМЕНА: прикажаните термини се од информативен карактер, за закажувањер на термин преку сервисот на Мој Термин обратете се кај вашиот матичен лекар!

Scroll to Top